Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2013
Марија П. ( 46 год) од Башино село претпладнево во 8,30 часот ја полеала влезната врата од Основниот суд во Велес со бензин и сакала да ја запали. Но откако била откриена на безбедносните камери, судската полиција ја спречила и повикала полиција. СВР Велес го потврди случајот и од таму изјавија дека жената е приведена во полициска станица на распит. Таа се обидела да го стори истото и во средата, но била спречена од судкста полиција.
Дали овој чин го сторила поради незадоволство од некои стари случувања поврзани со неа или пак е во прашање душевна болест. Марија П. изминатите три години кривично одговара во неколку процеси кои се во Основниот суд во Велес. Потпали трафостаница на ЕВН – ЕСМ, спречи нивни работени да ја исклучат до струјата поради неплаќање сметки, се обиде да ја сече бандерата каде бил вработениот работник на ЕВН.
Tweet |